Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Силекс ја „реши“ Ренова за лидерска позиција!

ПМФЛ: Силекс ја „реши“ Ренова за лидерска позиција!

Tимот на Силекс изби на првата позиција на табелата откако денес ја совлада Ренова со 3:1 во рамките од 4-тото коло.

Во еден интересен натпревар Силекс ја победи Ренова иако губеше на стартот од натпреварот. Ренова ја искористи подобрата игра на почетокот и преку Рамадани во седмата минута стигна до предност. Силекс направи пресврт во само три минути од 42 до 45 минута со головите на Пепи Георгиев и Денис Ристов. Конечните 3:1 ги постави Георгиев со својот втор гол по еден час игра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Силекс е првопласиран и затоа што Шкендија дома против Борец одигра само 1:1. Станковски ги доведе Велешани во водство, додека Шкендија изедначи преку Дита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…