Денес се одиграа четири натпревари од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито се играше во Струга каде што лидерот на табелата беше домаќин на второпласираната Шкендија. Струга во овој натпревар влезе со криза од пет натпревари без победа, меѓутоа денес успеаа да слават и така да останат лидери и после ова коло. Единствениот гол на натпреварот го постигна Малески на пет минтуи пред крајот на првото полувреме.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкупи го искористи поразот на Шкендија и ја прескокна на табелата на втората позиција каде што сега има бод предност (25) и пет помалку од Струга. Шкупи денес ја оправда фаворитската улога против последниот тим на табелата Скопје и славеше со 3:1. Поведе после само три минути игра меѓутоа Шкупи со два гола до крајот на првиот дел и еден во вториот ја обезбеди победата.
Тиквеш на свој терен со 3:0 беше подобар од Работнички, а со истиот резултат славеше и Академија Пандев против Силекс.
Утре од ова коло се игра натпреварот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, исто така во терминот од 13:00 часот.
Фото: ФК Струга Трим Лум