Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар и Силекс во вечерен термин, интересно ќе биде и во Маџари

ПМФЛ: Вардар и Силекс во вечерен термин, интересно ќе биде и во Маџари

На програмата денеска на македонските фудбалски терени е седмото коло од Првата македонска фудбалска лига во кое имаме и натпревар во вечерен термин во кој Вардар ќе го пречека Силекс.

Вардар со Захариевски на клупата одигра реми против Гостивар и победи со Тиквеш во Кавадарци, па така натпреварот со кратовчани го дочекува во добра атмосфера. Натпреварот е закажан за во терминот од 20:00 часот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Силекс во претходните шест кола има три победи и три порази, а од Вардар имаат само два бода повеќе. Вардар сигурно ќе сака да ја искористи добрата форма и да ја продолжи мини-серијата без пораз.

Интересно би можело да биде и во натпреварот помеѓу Гостивар и Шкендија на „Борис Трајковски“. Шкендија е е прва на табелата по 14 бода, додека Гостивар со два помалку е трет на табелата.

Работнички го чека гостување во Битола. Пелистер во овој натпревар влегува по победата против Беса, додека Работнички ремизираше со Брера.

Во останатите два натпревари Шкупи ќе биде домаќин на Беса, додека Струга ќе гостува во Охрид кај Воска.

Сите натпревари освен дуелот Вардар – Силекс (20:00 часот) се играат во терминот од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …