Дома Фудбал Англија ПЛ: Тотенхем со минималец против Кардиф ја задржа одличната форма во Премиер лигата (ВИДЕО)

ПЛ: Тотенхем со минималец против Кардиф ја задржа одличната форма во Премиер лигата (ВИДЕО)

Денес во терминот од 16:00 часот во Премиер лигата беа одиграни пет натпревари.

Тотенхем ја продолжи низата на одлични настапи во Премиер лигата совладувајќи го Кардиф со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го видовме во првото полувреме кога стрелец на погодокот беше Ерик Дајер. Екипата на Нил Ворнок дополнително си ја отежни работата со исклучувањето на Џо Ралс кој доби директен црвен картон во 58-тата минута од натпреварот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во останатите натпревар Барнли и Кардиф одиграа 1:1, Лестер загуби на домашен терен од Евертон со 1:2, Бурнемот со 0:4 го совлада Вотфорд, додека Вулверхемптон да гостински терен запиша минимална победа против Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Реал Мадрид освои 17 трофеи, ПСЖ го отпиша, сега се сели во Интер?

Летниот трансфер период носи многу промени, а се чини дека Марко Асенсио наскоро ќе го про…