Дома Останати Ракомет „Плачев три ипол минути по поразот од Македонија“

„Плачев три ипол минути по поразот од Македонија“

Пет месеци порано од најавеното, Швајцарецот Енди Шмид (40) стави крај на големата играчка кариера. По учеството на Европското првенство 2024 одлучи дека е доволно, иако полусезоната ја заврши во својот Криенс Луцерн како најдобар стрелец во Лига Европа.

Последниот меч со својата репрезентација го имаше на континенталниот шампионат во Германија каде загуби од Македонија во прелиминарната фаза во Берлин во меч во кој беше најефикасен со 12 голови, а севкупно запиша 19 на ЕП.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мојата љубов кон ракометот останува и продолжува, но мојата играчка кариера тука завршува. По тој пораз од Македонија плачев три ипол минути, малку е да се каже дека бев тажен. Тоа беше мој последен меч на големата сцена за земјата во која живеев 12 години. Многу работи ми се собраа“, изјави Шмид.

Според најавите од јуни го чека нов предизвик, се очекува да биде нов селектор на швајцарската селекција.

Шмид за Швајцарија на 218 натпревари постигна 1094 голови, учинок што го направи рекордер. На клупски план играше за Грасхоперс, Амичитија, Силкеборг, а со Рајн Некар Левен ги имаше најголемите успеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …