Дома Македонски спорт Мак фудбал Плати за слабите резултати: Шкендија го избрка Османи

Плати за слабите резултати: Шкендија го избрка Османи

Македонскиот шампион Шкендија има катастрофален старт на сезоната, кој доаѓа по очајниот настап во европските натпреварувања, кадешто беа експресно елиминирани и целосно ги разочараа своите навивачи.

На табелата во Првата лига по првите четири кола неочекувано шампионот е на последното 10 место со само еден освоен бод и само еден постигнат гол.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкендија повеќе немаше трпение за тренерот Ќатип Османи, па синоќа Тетовци објавија соопштение во кое порачаа дека Османи, како и целиот стручен штаб е сменет.

„Сите во ФК Шкендија му се заблагодаруваат на Ќатип Османи за неговиот придонес во постигнувањето на историските резултати во изминатите години, посакувајќи му се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

Додека не се најде некое трајно решение, клубот ќе го предводи тренерот Ерхан Селими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …