Дома Фудбал Останато „Пиштолџијата“ пет години надвор од фудбалот, ПАОК се простува од титулата

„Пиштолџијата“ пет години надвор од фудбалот, ПАОК се простува од титулата

Челниците на грчкиот сојуз после состанокот со претставниците на ФИФА истакнаа дека сопственикот на клубот од Солун прекршил низа кодекси.

Првиот човек на ПАОК, Иван Савидис се соочува со повеќегодишна забрана за присуство на стадиониот, додека на неговиот клуб би му биле одземени бодови, поради неговото влегување со пиштол на теренот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Грчкиот фудбалски сојуз на денешниот состанок со луѓето од ФИФА соопштија дека Свидис прекршил низа кодекси, вклучувајќи и закана кон судијата, за што би можел да биде суспендиран пет години со забрана за работа во фудбалот.

Одговорноста е на дисциплинското тело на Суперлигата на Грција кое треба да му ја изрече казната.

Доколку ПАОК поради однесувањето на Свидис изгуби бодови најверојатно ќе остане без долго очекуваната титула бидејќи АЕК во овој момент има два бода повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…