Познатиот новинар Пирс Морган кој неодамна се прослави со интервјуто кое го направи со Кристијано Роналдо по кое беше јасно дека Португалецот си заминува од Манчестер Јунајтед.
Роналдо во тоа интервју зборуваше искрено за се што мисли за Манчестер Јунајтед, го критикуваше Тен Хаг и целиот клуб, па беше јасно дека нема намера да остане. Набрзо клубот по интервјуто му го раскина договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Подоцна се покажа дека Роналдо не само што го напушта Манчестер Јунајтед, туку замина од Европа. Во залезот на кариерата Роналдо го носи дресот на Ал Наср од Саудиска Арабија каде што потпиша договор вреден 200 милиони евра по сезона.
Сега Морган истакнува дека благодарение на тоа интервју Роналдо го потпишал најбогатит договор на еден спортист и тоа на 37 години.
„Благодарение на нашето интервју, Роналдо го потпиша најбогатиот договор на еден спортист и тоа на 37 години. За мене тој е во предност во однос на Меси затоа што сака предизвици да се пробува во различни првенства“, изјави Морган.