Андреа Пирло има ултиматум да победи во градското дерби против Торино за да ја зачува работата во Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова го тврди весникот „Тутоспорт“ кој е близок до Јувентус. Доколку „старата дама“ не победи против Торино, тогаш Пирло сигурно ќе добие отказ.
После шокантниот пораз од Беневенто „бјанконерите“ заостануваат 10 бода зад лидерот Интер, а минатата недела беа елиминирани од Порто во Лигата на шампиони.
Атмосферата во клубот е наружена, па претседателот Ањели веќе сериозно размислува за тренерска смена.
Медиумите утрово објавија дека имало расправија помеѓу Пирло и Ањели во соблекувалната и дека паднале „тешки зборови“. (ТУКА).