Јувентус има тешка сезона која до некаде може да ја спаси само со освојувањето на купот.
„Старата дама“ доживеа елиминација од Порто во Лигата на шампионите, а во Серија А мисијата за одбрана на Скудетото изгледа како тешка мисија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нова шлаканица за Јувентус беше вчерашниот пораз од Беневенто. По овој пораз тренерот Пирло се наоѓа на ударот на јавноста, а медиумите пишуваат за проблеми во соблекувалната.
Голем дел од италијанските медиуми објавија дека претседателот Андреа Ањели влегол во соблекувалната после поразот од Беневенто и имал жестока дискусија со Пирло и играчите, наводно паднале „тешки зборови“.
Навивачите бараа одговори за лошите резултати. Некој мора да застане пред клубот и да даде извештај.