Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се блиску до постигнување договор за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
Пиоли после седум години го врати Милан во Лигата на шампиони, тимот игра одлично и се бори за Скудетото, па раководството сака да го задржи тренерот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката до 2024 година, а според новиот договор Пиоли ќе заработува 3 милиони евра по сезона.
Стефано Пиоли седна на жешкото столче на Сан Сиро пред точно две години, кога „росонерите“ беа на најниски гранки, а моментално се лидери во Серија А.
Stefano #Pioli’s contract extension with #ACMilan until 2024 is at the final stage. For the coach is ready an increase in salary from currently €2M/year + bonuses to €3M/year + add-ons. #transfers https://t.co/vBFrKOVrZi
— Nicolò Schira (@NicoSchira) November 8, 2021