Утре Милан го дочекува Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“ во второто коло од Лигата на шампиони.
Тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли тврди дека поразот од Ливерпул во првото коло ќе го направи Милан подобар во следните дуели во ЛШ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Видовме дека малите детали ја прават разликата на вакви натпревари. На Енфилд примивме голови поради невнимание и мали технички грешки. Треба да играме на повисоко ниво, брзо, без погрешни пасови бидејќи Атлетико може да биде опасен во секој момент“, истакна Пиоли.
„Имаме исклучително тешка група. Атлетико е силен тим кој долги години игра во Лигата на шампиони. Верувам дека искуството од мечот со Ливерпул ќе ни помогне да бидеме подобри во утрешниот дуел“, додаде Пиоли.