Дома Фудбал Италија Пиоли: Никој не верува дека Милан може во финале, но јас верувам

Пиоли: Никој не верува дека Милан може во финале, но јас верувам

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли верува дека неговиот тим може да ја надомести негативата и да се пласира во финалето од ЛШ.

Милан во првиот меч загуби од градскиот ривал Интер со 2:0, но Пиоли тврди дека „росонерите“ се уште не го кажале конечниот збор.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Не е лесно да се подготвиме за утрешниот дуел, но имаме важна цел, а тоа е да победиме и да се пласираме во финалето од Лигата на шампиони, со што ќе ги изненадиме сите. Сега како никогаш претходно, никој не верува дека Милан може да игра во финалето, но јас сум убеден дека можеме да одиграме одличен натпревар“, истакна Пиоли.

„Очите на фудбалерите ми покажуваат дека се подготвени за многу подобро издание. Сакаат да се претстават многу подобро од првиот натпревар и да победат на реваншот. Никој не веруваме дека можеме да стигнеме и до тука, па ние сме во полуфинале“, додаде тренерот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалска бајка во Шведска: Тим од 800 жители може да стане шампион!

Неверојатна фудбалска приказна стигнува од Шведска, каде што на врвот во првенството се на…