Дома Фудбал Италија Пиоли: Милан покажува дека не е обичен тим

Пиоли: Милан покажува дека не е обичен тим

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази огромно задоволство после победата од 3:1 над Селтик во големото дерби од првото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

„Росонерите“ со победата во Глазгов немаат пораз на 21 натпревар, со запишани 17 победи и 4 ремија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Го контролиравме натпреварот поради нашиот карактер и квалитети. Во второто полувреме започнавме да правиме повеќе технички грешки, што му дозволи на противникот повеќе да се заканува. Беше важно да покажеме дека не сме обичен тим. Обична екипа ќе игра со помалку посветеност по неверојатната победа во миланското дерби, но покажавме дека мислиме натпревар за натпревар и секогаш излегуваме на победа, изјави Пиоли.

Против Селтик два гола постигнаа новите засилувања Брахим Дијаз и Хауге, а одлична партија одиграа Сандро Тонали и Диого Далот.

„Раководството одлично го засили тимот во преодниот рок, многу сум задоволен. Сега имаме повеќе опции во сите линии. Ние сме многу млад тим и имаме голем простор за напредок“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …