Дома Фудбал Италија Пиоли: Мечот со Јувентус не е одлучувачки!

Пиоли: Мечот со Јувентус не е одлучувачки!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли истакна дека утрешното дерби со Јувентус е важно, но нема да биде одлучувачко за конечниот пласман  на табелата.

Милан после долги години како лидер го пречекува Јувентус на „Сан Сиро“, тимот е во одлична форма и нема пораз скоро една година. Сепак, Пиоли нема да може да смета на Ибрахимовиќ, Бенасер, Тонали и Салемакерс.

„Јувентус е многу силен тим и полека влегува во добра форма. Очекувам да видам еден агресивен Јуве, но ние сакаме да победи и на овој натпревар. Ова дерби е посебно и тоа го знаеме. Меѓутоа, сезоната е маратон, сега сме на половина, па овој меч сигурно нема да биде одлучувачки“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Партизан се надева на победа против Нови Пазар

По тринеделна пауза, Партизан е подготвен да се врати на победнички патеки против Нови Паз…