Дома Фудбал Италија Пиоли: Верувам дека можеме до Лига на шампиони!

Пиоли: Верувам дека можеме до Лига на шампиони!

Интер синоќа одигра добар натпревар потив Милан но се спасуваше од пораз буквално во последните моменти од натпреварот и извлече реми (2:2).

Ова беше деби на клупата за тренерот на „нероаѕурите“, Стефано Пиоли, кој истакна дека после овој натпревар уште повеќе верува дека неговиот тим ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„После овој натпревар уште повеќе верувам во пласманот во Лига на шампиони. Трката сигурно ќе биде тешка, но имаме силен тим и моменталната состојба на табелата не го изразува нашиот квалитет. Не заслуживме да загубиме, задоволен сум со реми. Пред натпреварот од играчите побарав ладни глави и жешки срца, тоа и го добив“, истакна Пиоли.

„Треба да се подобриме во одбраната, но и во нападот треба да научиме да напаѓаме во вистински тајминг. Сигурен сум дека од натпревар во натпревар ќе бидеме многу подобри“, заклучи новиот тренер на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На Ливерпул вакво нешто не му се случило цела деценија!

Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер …