Англија ја победи Србија со 1:0 во натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското првенство. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Џуд Белингем во 13. минута.
По натпреварот во српската соблекувална имаше незадоволни луѓе. Покрај резултатот, незадоволен од третманот беше и Душан Тадиќ, кого тренерот Драган Пикси Стојковиќ го внесе во игра во 61. минута наместо Александар Митровиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Разговарав со селекторот, се разбира, имаме добра комуникација. Тешко го прифатив тоа бидејќи натпреварот е против Англија. Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во овој тим, без лажна скромност, се разбира, мислам дека требаше да започнам, но ја почитувам одлуката на тренерот. Можев да направам многу повеќе ако одиграм 90 минути, но ја почитувам одлуката“, изјави Тадиќ.
Пикси: Мојата одлука од тактички причини
Иако самиот тренер објасни дека тоа е „дел од тактиката“ затоа што „сакаше да го поштеди“ и затоа што „знаеше дека второто полувреме ќе биде одлучувачко“, изјавата на неговиот напаѓач дојде до него на прес-конференцијата. Не му се допадна тоа што го слушна.
„Ух, не е добро ако го кажа тоа. Не е добро. Тоа беше моја одлука од тактички причини. Го сакав Тадиќ со свежи нозе во вторите 45 минути и тоа е единствената причина и ништо повеќе. Се работи за тактика, ништо друго“, рече Стојковиќ, а потоа ја коментираше изјавата на новинарот дека одлуката за Тадиќ може да предизвика бура.
„Каква бе бура? Нема да има. Моја одлука, мое видување на ситуацијата. Нема полемика околу тоа. Јас ги носам одлуките, јас сум тој што е на тоа место. Нема тука простор за полемики. Да, тој може да го започне натпреварот, но јас сум тој што ги носи одлуките.“
🗯️ Selektor o izjavi Dušana Tadića da je trebalo da počne utakmicu jer smatra da je najbolji igrač ekipe: pic.twitter.com/OPGZQiOUuB
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) June 16, 2024