Дома Фудбал Пике со изненадувачка изјава за Чави

Пике со изненадувачка изјава за Чави

Жерар Пике е убеден дека одлуката на Чави не е конечна!

Иако Чави Ернандез најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната, Пике смета дека не е невозможно да ја промени одлуката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум сигурен дека одлуката на Чави е конечна. Да почекаме, но верувам дека ќе остане. Не сум во секојдневен контакт со него, разговаравме неколку пати, но го сакам најдоброто за него, и најдоброто за клубот. “, изјави Пике.

Инаку, многу извори во Каталонија сметаат дека Чави со задоволство би останал доколку резултатите бидат подобри до крајот на сезоната и доколку раководството го убеди дека најдобро решение е да остане на клупата.

Рака на срце, двомечот со Пари Сен Жермен ќе биде клучен…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…