Дома Фудбал Пике потврди дека имал разговор со Флорентино Перез!

Пике потврди дека имал разговор со Флорентино Перез!

Дефанзивецот на Барселона Џерард Пике откри дека имал телефонски разговор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Пике исто така потврди дека не се зборувало за фудбал, туку имале некои приватни работи кои не сака да ги открива.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Порано го имав бројот на Перез, а не знам дали се уште го има истиот број или го променил. Не разговаравме за фудбал, се работеше за нешто лично“, призна Пике.

Со ова тој ја исклучи можноста дека Перез можеби го побарал Пике да се пресели во Реал, а ќе остане мистерија за што разговарале ѕвездата на Барселона и првиот човек на Реал Мадрид.

Пике е познат како некој кој воопшто не го сака Реал и често со своите изјави ги пецка „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го избра Донарума за најдобар голман во светот!

Италијанецот Џанлуиџи Донaрума е прогласен за најдобар голман за 2025 година според ФИФА, …