Дома Фудбал Пике: Постои надеж да го убедиме Меси

Пике: Постои надеж да го убедиме Меси

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике летово го убедуваше Лео Меси да остане на „Камп Ноу“ и успеа во тоа.

Меси влезе во последната година од договорот, па Пике сега не е сигурен дали Аргентинецот ќе го продолжи договорот и ќе остане во Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Сите сакаме Меси да остане, но не сум сигурен. Само Лео го знае одговорот, ќе треба него да го прашате. Додека е тука со нас постои надеж, се надевам дека ќе успееме да го убедиме“, изјави Пике.

Пике не криеше дека тешко му падна разделбата со Луис Суарес, кој ова лето си замина од Барселона.

„Ми беше многу жал кога Луис замина бидејќи помина во клубот многу години и делевме многу искуства. Да, играте само 90 минути на теренот, но поминувате многу часови со тие луѓе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…