Дома Фудбал Пике од шпанскиот Суперкуп заработи повеќе од Барса и Реал

Пике од шпанскиот Суперкуп заработи повеќе од Барса и Реал

Шпанскиот Суперкуп беше одигран во Ријад, а до победа стигна Барселона која во финалето беше подобра од Реал Мадрид со 3:1.

Шпанските медиуми објавија и како се распределени парите за организација на натпреварувањето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најмногу, околу 20 милиони евра доби шпанскиот фудбалски сојуз кој тој износ ќе го распредели на клубовите.

Бетис заработи 750.000 евра, Валенсија 1.7 милиони евра, а Барселона и Реал Мадрид по 2.8 милиони евра. Повеќе од нив ќе заработи фирмата Космо во сопственост на Жерар Пике.

Таа добива провизија за учеството и завршување на работата за натпреварувањето да биде преместено во Саудиска Арабија.

Зделката ја договори Пике додека се уште беше активен играч во Барселона поради и што добиваше критики. Медиумите истакнуваат дека тој и Сојузот ќе профитираат од патувањето на клубовите во друга земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…