Дома Фудбал Пике: Ова беше најлошиот Реал што сум го видел

Пике: Ова беше најлошиот Реал што сум го видел

Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Реал Мадрид и со тоа ја загуби и лидерската позиција на табелата.

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике беше многу разочаран од поразот и посочи дека Реал Мадрид во првото полувреме бил најслабиот, што некогаш го видел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Го контролиравме натпреварот во првото полувреме. Во тоа време, Реал беше слаб, можеби најслаб што сум го видел на „Сантијаго Бернабеу“. По паузата, тие ја изнесоа играта подалеку од своето поле и ни дадоа гол во најнеповолниот момент“, истакна Пике и додадедека неговиот тим не играл доволно добро.

„Логично беше дека откако нема да ги искористиме нашите моменти пред паузата, ќе имаме проблеми потоа. Тие не повредија, но не не убија. Мислам дека имаме сили да ја освоиме титулата“, убеден е дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Виралниот навивач на Манчестер Јунајтед на чекор од шишање – еве што порача по победата над Тотенхем (Видео)

Френк Ајлет, познатиот навивач на Манчестер Јунајтед кој стана вирален, повторно е во фоку…