Фудбалерите на Барселона синоќа ремизираа на гостувањето кај Валенсија во дербито на осмото коло во шпанската Ла Лига.
Каталоснкиот клуб ја продолжи резултатската криза во домашното првенство бидејќи ова беше четврт натпревар во низа во кој не освоија три бода. Барса со голот на Лео Меси освои бод на Местаља, а на мета на критичарите повторно беше Жерар Пике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Барселона е во лоша форма, а скоро на секој натпревар оваа сезона прави грешка после која противникот постигнува погодок. Така беше и синоќа при водството на Валенсија откако Пике не реагираше добро. Сепак, тој после натпреварот одлучи да одговори на силните критики од навивачите на Барса.
„Знам дека многу луѓе се надеваат дека нема да ми оди добро. Можат да уживаат, нека излезат од своите пештери и нека уживаат на сонцето. Кога и да примиме погодок секогаш е моја вина. Тие луѓе чекаат нешто да се случи и да почнат со критики.“ – порача Пике.