Жерард Пике открива дека имал лошо искуство од соработката со Луј ван Гал, и вели дека Холанѓанецот го уништил во Барселона.
Холанѓанецот во една прилика силно го оттурнал Пике на земја и му кажал дека тој никогаш нема да успее во првиот тим затоа што е слаб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Никогаш не знаевме дали тој ќе биде тренер на првиот тим кога ќе стигнеме таму. Ме турна, ме фрли на земја. Ми кажа дека не сум бил доволно силен да бидам играч на Барселона. Ван Гал ме уништи. Во Барселона не вежбавме во теретана до 18 години. Тоа беше тешко да се издржи“, открива Пике.
Жерард Пике во 2004 замина од Барселона и се пресели во Манчестер Јунајтед каде настапуваше до 2008, кога се врати на „Камп Ноу“ и стана незаменлив дел од каталонскиот тим.