Дома Трансфер зона Перишиќ заминува, но Хајдук е пред договор со нов хрватски ветеран

Перишиќ заминува, но Хајдук е пред договор со нов хрватски ветеран

Не заврши славно епизодата на Иван Перишиќ во Хајдук, а според последните најави клубот од Сплит ќе го замени со друго познато име од хрватскиот фудбал.

Замената за Перишиќ би требало да биде Анте Ребиќ. Хајдук од претходно работи на трансферот на Ребиќ и заминувањето на Перишиќ би можело само да ја забрза ситуацијата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во договорот со Хајдук Перишиќ има клазула според која од 29. август до 5. Септември може да замине за сума од 200.000 евра.

Ребиќ во минатото го носеше дресот на РНК Сплит од каде што се пресели во Фиорентина во 2013 година за сума од 4.5 милиони евра. Во кариерата во која помина 11 години во странски клубови беше дел од Фиорентина, Лајпциг, Ајнтрахт, Милан и Бешикташ.

Дресот на хрватската репрезентација го носеше на 42 натпревари, а во 2018 година беше дел од селекцијата која освои сребро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …