Дома Трансфер зона Перишиќ го напушти Хајдук, но би можел да остане во Хрватска: Веќе тренира во Загреб

Перишиќ го напушти Хајдук, но би можел да остане во Хрватска: Веќе тренира во Загреб

Хрватскиот ветеран Иван Перишиќ кој пред нешто повеќе од две недели го раскина договорот со Хајдук сепак би можел да остане во првенството на Хрватска.

Перишиќ во овој период тренира во Загреб, а „Спортске Новости“ пренесуваат дека би можел да потпише за Локомотива Загреб.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во последните моменти од преодниот рок на Перишиќ му пропадна трансфер во Комо, преговараше и со Монца, но на крајот ништо не излезе, па само го раскина договорот со Хајдук.

Клубот од Сплит го напушти поради конфликт со тренерот Џенаро Гатузо. Потписот за Локомотива за него би можел да биде добра опција да остане во добра форма бидејќи два месеци нема одиграни натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …