Дома Топ вести Перез со ултиматум до Зидан: Или едниот или другиот!

Перез со ултиматум до Зидан: Или едниот или другиот!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан добил ултиматум од претсдателот Флорентино Перез, пренесува „Diario Gol“.

„Или едниот или другиот“, биле зборовите на Перез, па сега Зидан ќе мора да се бира помеѓу Еден Азар и Килијан Мбапе. Двајцата дефинитивно не може да пристигнат ова лето на „Сантиего Бернабеу“ бидејќи Перез не сака да ги повторува грешките од минатото.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На овие позиции веќе владее голема гужва бидејќи Реал веќе ги има Асенсио, Иско и Хамес Родригез, што веќе создаде доволно проблеми во тимот.

Како што наведува истиот извор Перез не сака да создаде незадоволство кај Кристиано Роналдо, Бензема или Герет Бејл. Поради тоа топката ја префрлил кај Зидан кој сега мора да избира помеѓу Азар или Мбапе.

Проблем може да биде и тоа што Зидан го преферира Еден Азар бидејќи смета дека е поподготвен, додека пак Перез го преферира 18-годишниот Мбапе.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во „кралскиот“ клуб, а одлуката секако ќе биде донесена после финалето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…