Кој ќе биде фудбалерот кого Реал ќе се одлучи да го доведе?
Ќе биде интересно да се следи зимскиот преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“. На сите им е јасно дека на Реал Мадрид му се потребни засилувања, а во медиумите веќе подолг период се споменуваат голем број имиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едно од имињата е и она на Хари Кејн. Најдобриот европски стрелец за 2017 година (постигна 57 погодоци во годината која изминува) е голема желба на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој наводно е спремен да плати сум од огромни 170 милиони евра.
Но како што пренесуваат шпанските медиуми, Зинедин Зидан е се сложува со оваа идеја на Перез. Францускиот тренер не е сигурен дека Кејн би бил така ефикасен во Реал и смета дека таа сума би требало да се вложи во некој друг фудбалер.
Сепак, со оглед на тоа дека Зидан наскоро би можел да добие отказ, Перез човекот кој ќе го има одлучувачкиот збор.