Дома Топ вести Перез проговори за трансферот на Роналдо: Сакаше да замине поради лични причини!

Перез проговори за трансферот на Роналдо: Сакаше да замине поради лични причини!

Кристиано Роналдо ова лето го шокира фудбалскиот свет кога реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во редовите на Јувентус.

Флорентино Перез открива дека Роналдо решил да замине од лични причини и дека Јувентус бил единствен клуб кој понудил 100 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Клаузулите кои Реал Мадрид ги става во договорите на играчите не се за некој да ги плати тие суми, туку се за да ги одвратат другите од намерата да купат некој наш играч“, изјави Перез, а потоа проговори за Роналдо.

„Најскап трансфер оваа година беше оној на Кристиано Роналдо. Сакаше да замине поради лични причини, и кога се сложивме дека ова е најдобра опција за сите инволвирани страни, постигнавме договор. Никој не понуди повеќе од 100-те милиони на Јувентус. Не добивме многу понуди“.

„На Роналдо можеме само да му се заблагодариме за она што го има направено за клубот. Тој е најдобриот фудбалер по Алфредо Ди Стефано, и ова секогаш ќе биде негов дом“, заклучи првиот човек на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…