Шпанските медиуми пренесуваат дека и покрај противењето на Зинедин Зидан, претседателот на Реал, Флорентино Перез сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок.
Наводно капитенот Серхио Рамос разговарал со претседателот и му соопштил дека не е задоволен од Ваљехо, кој е алтернатива на стоперските позиции и дека треба да биде доведен уште еден врвен дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на Реал планира да го донесе Давид Луиз во зимскиот преоден рок!
Бразилецот го загуби местото во тимот после расправијата со Антонио Конте, па сака да ја промени средината во јануари бидејќи му е потребна поголема минутажа пред Светското првенство.
Сепак, Челзи нема така лесно да се ослободи од Давид Луиз и за неговата слобода бара 40 милиони евра за да може да донесе адекватна замена.
За сега се мали шансите „кралевите“ да ја платат таа сума, а Перез се надева дека Челзи ќе прифати помала сума на крајот од преодниот рок.