Како што во овој момент изгледа, иако се уште има време, Реал Мадрид веројатно ќе биде екипата која ќе го одбележи летото 2024 година.
Килијан Мбапе треба да е веќе обезбеден, а покрај него најверојатно „кралевите“ имаат договор и со Алфонсо Дејвис, тука преостанува уште да го убедат Баерн да го ослободи за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа сега се појави и трето име, тоа е Лени Јоро, еден од најталентираните француски стопери кој сонува за дресот на Реал Мадрид.
Како и на Дејвис, договорот на Јоро со Лил истекува летото 2025 година, па во претстојниот преоден рок францускиот клуб ќе ја има последната шанса да заработи на него. Инаку, Јоро е голема желба на Пари Сен Жермен, се споменуваат и неколку премиерлигаши, сепак изгледа дека тој сака само во Мадрид.
Од друга страна познато е дека Карло Анчелоти сака еден стопер како замена за ветеранот Начо кој полека паѓа во втор план со враќањето на Милитао и Алаба. Јоро би требало да биде нивна поддршка и да собира искуство бидејќи има само 18 години.