Дома Фудбал Перез: Зидан е дел од клупската историја, со враќањето покажа колку го сака овој клуб

Перез: Зидан е дел од клупската историја, со враќањето покажа колку го сака овој клуб

Зинедин Зидан денес се врати во Реал Мадрид и ова дефинитивно е веста на денот во спортскиот свет.

Перез не успеа со Лопетеги и Солари, па во клубот во го врати Зидан кој сега потпиша договор со 30 јуни 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На вечерашната прес-конференција пред медиумите зборуваа Зидан (тука) и првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез.

Претседателот на Реал Мадрид искажа задоволство поради враќањето на човекот кој имаше огромен успех во Мадрид.

„Шампиони сме во Европа, во фудбал и кошарка. Тоа се историски резултати, но сега поминуваме низ тешки моменти. Знаеме како се чуствуваат навивачите“.

„Секогаш сакаме да бидеме најдобри, но работите во последно време не се одвиваат онака како што очекувавме. Никогаш нема да ја заборавиме верноста која ја покажа Солари кон нас. Благодарен сум за трудот, тој е дел од ова семејство и ќе остане во клубот“.

Потоа како и што се очекуваше следуваа неколку зборови за Зидан.

„Драг Зизу, се врти тука и твоето враќање е доказ колку го сакаш овој клуб, колку го сакаш Реал Мадрид. Зидан, ти си дел од клупската историја, ние сме горди на табе. “, изјави Перез на конференцијата.

Зидан со работата во клубот ќе започне веќе од утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…