Дома Топ вести Перез го користи хаосот во Минхен и доведува уште една ГОЛЕМА ѕвезда

Перез го користи хаосот во Минхен и доведува уште една ГОЛЕМА ѕвезда

Реал Мадрид не ја започна очекувано новата сезона во Примера, заостанува зад Барселона големи седум бода. Сигурно дека „Кралевите“ ќе бидат активни во јануари, кога силно ќе сакаат да доведат еден квалитетен центрафор.

Покрај тоа, тие сакаат да ја засилат и дефанзивата, а шпанскиот фудбалски портал „Don Balon“ тврди дека претседателот на Реал, Флорентино Перез планира да ја искористи хаотичната ситуација која владее во Баерн и на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе одличниот лев бек, Давид Алаба.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Баварците прво загубија од ПСЖ со високи 3:0 во ЛШ, па сметката ја плати Карло Анчелоти, а минатиот викенд го загубија и водството од 2:0 против Херта. Ситуаицјата во Минхен е далеку од добра, па тоа сака да го искористи претседателот на Реал.

Перез имал знак дека веднаш треба да почне да дејствува, бидејќи многу играчи на Баерн веќе ќе почнат да ги гледаат идните опции. Инаку, Реал наводно е заинтересиран и за Левандовски, но изгледа дека нивниот приоритет е играчот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Споменатиот портал тврди дека доведувањето на Алаба го одобрил и Зидан, особено бидејќи има проблеми на позицијата лев бек со оглед на тоа што Марсело и Тео Хернандез се надвор од терените поради повреди. Аустријанецот одлично би дошол во плановите на Зизу.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…