Дома Фудбал Перез го губи трпението: Зидан може да биде наследен од уште една клупска легенда

Перез го губи трпението: Зидан може да биде наследен од уште една клупска легенда

Шпанските медиуми пишуваат дека се ближи нова разделба помеѓу Зидан и Реал Мадрид.

После последните резултати такво нешто е и логично. Навивачите се незадоволни, Реал изгуби два натпревари во низа и тоа против новиот член на Ла Лига Кадиз и вчера против Шахтјор. Веќе во сабота Реал има тежок испит во првенството, гостува кај Барселона. Три дена подоцна „кралевите“ ќе играат против Борусија Менхгладбах во ЛШ и наводно овие средби можат да ја одлучат иднината на Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанците пишуваа и дека Флорентино Перез јасно го покажал своето незадоволство и после вчерашниот пораз накратко се симинал во соблекувалната и отворено зборувал дека вакво нешто не смее да им се повтори. Треба да се спомене дека Шахтјор вчера во Мадрид допатува без дури осум играчи кои беа позитивни на коронавирусот.

Се шпекулира и кој би можел да го наследи Зидан. Според информациите Реал решнието одново ќе го побара внатре во клубот и тоа во – Раул Гонзалес Бланко.

Поранешниот капитен на „кралевите“ во овој момент ја врши функцијата главен тренер во „Кастиља“, ќе потсетиме така Реал го „создаде“ и Зидан. Раул можеби не се раздели на најдобар начин со клубот кога беше играч, но сега може да добие голема прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…