Дома Фудбал Перез ги постави приоритетите за оваа сезона: Ќе може ли Лопетеги да ги исполни?

Перез ги постави приоритетите за оваа сезона: Ќе може ли Лопетеги да ги исполни?

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез му ги соопштил на новиот тренер Јулен Лопетеги приоритетите за новата сезона.

Очекувањата од Лопетеги се исклучително големи, бидејќи тој го наследи Зинедин Зидан, кој ја подигна летвичката многу високо.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Перез бил категоричен пред Лопетеги дека најважно за Реал е повторно да триумфира во Лигата на шампиони. „Босот“ истакнал дека мотивацијата за тој трофеј треба да биде исклучително висока, особено поради фактот што финалето се игра во Мадрид, на стадионот на градскиот ривал.

Шпанските медиуми откриваат дека Перез посакува сценарио да игра финале против Барселона и по четврти пат по ред да го освои најценетиот трофеј во Европа.

Другата голема цел е триумф во Примера, бидејќи Перез сака да стави крај на домонацијата на Барселона во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотален ремонт во Манчестер: Само еден фудбалер на Јунајтед не е на продажба

Манчестер Јунајтед зад себе има една од најлошите сезони во историјата на клубот и медиуми…