Дома Трансфер зона Пеп се враќа по старата желба: Главната мета на Гвардиола игра во – Реал Мадрид!

Пеп се враќа по старата желба: Главната мета на Гвардиола игра во – Реал Мадрид!

guardiola

Според пишувањето на медиумите на Островот, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити подготвуваат вистинска трансфер бомба и тоа од Реал Мадрид.

Се поизвесно станува дека ова лето најголемото засилување за Манчестер Сити ќе биде офанзивец. Играч кој не е класичен напаѓач, но не е и класичен играч за врска. Последните информации говорат дека Пеп е спремен да го доведе – Иско!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Не е тајна дека Гвардиола е фан на квалитетите на мајсторот на Реал, се обидуваше да го доведе и во текот на летото, но тогаш ниту Реал, ниту Иско не беа заинтересирани да преговраат.

Иско на чекор од Манчестер Сити беше пред пет години, тогаш тренер на „граѓаните“ бече човекот кој го лансираше, Мануел Пелегрини. Сега приказната е повторно актуелна.

Гвардиола смета дека му е потребен технички доминантен играч во нападот и поради тоа бара засилување на таа позиција. Убеден е дек Иско е подобра опција од Ријад Марез.

Шпанецот во Реал игра променливо некогаш е најдобар на теренот, некогаш не се гледа. Неговиот однос со Зидан е напнат уште од самиот почеток бидејќи Французинот често пати го оставаше на клупата за резерви.

Флорентино Перез пак има цврст став дека Иско не е на продажба, тој во својот договор има клазула од 700 милиони евра. Манчестер Сити е спремен да понуди најмногу 100.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд уште од јануари во Реал

Трент Александер-Арнолд може да го напушти Ливерпул уште во јануари бидејќи според последн…