Дома Трансфер зона Пеп сака уште посилен тим: Сити го руши клупскиот рекорд и ја победува конкуренцијата!

Пеп сака уште посилен тим: Сити го руши клупскиот рекорд и ја победува конкуренцијата!

Талентираниот фудбалер на Ајакс, Френки де Јонг наскоро би требало да се пресели на Островот и да ги засили редовите на шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити.

Како што се пишува во медиумите, Манчестер Сити зад себе во трката за 21 годишниот Френк Де Јонг ја оставил Барселона, а како една од клучните причини се наведува желбата на фудбалерот на соработува со Пеп Гвардиола.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно „граѓаните“ ја известиле управата на Ајакс дека се спремни за талентираниот Холанѓанец да издвојат дури 70 милиони евра, плус 20 преку бонуси.

Со ваквиот трансфер Френк би станал најскапиот фудбалер во историјата на Сити со што би го престинал Ријад Марез кој ова лето пристигна на „Етихад“ за сума од 68 милиони евра.

Се наведува и дека покрај тоа што трансферот би можел наскоро да биде договорен фудбалерот во Манчестер Сити би пристигнал следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…