Лидерот Манчестер Сити во моментов има осум бода предност пред Чези на табелата во Премиерлигата, но Гвардиола предупреди дека во декември никој не станал шампион.
„Граѓаните“ играат феноменално и Гвардиола стигна до 36-та победа во 44 натпревари во Премиерлигата што е рекорд за една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити во 2021 година освои 110 бодови, додека Челзи има освоено 27 бода помалку, а Ливерпул е трет со 33 бода помалку од „граѓаните“ за годинава.
Гвардиола постави уште еден рекорд, каков досега не е забележан во Премиерлигата, а тоа е што успеал по четврти пат да има славено на повеќе од 10 натпревари по ред во лигата.
„Имаме одлична година, освоивме титула, игравме финале во ЛШ и тоа се големи успеси. Сите овие победи значат дека сме конзистентни и дека не траеме за една ноќ. Меѓутоа, мора да останеме фокусирани, во декември никој не станал шампион“, изјави Гвардиола.