Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола му се извини на Габриел Жезус, кој сакаше да го шутира пеналот против Ливерпул, и рече дека тој ја донел одлуката тоа да го направи Ријад Марез.
Алжирецот беше непрецизен од белата точка во 86. минута и со тоа пропушти прилика на Граѓаните да им донесе важна победа во дербито на осмото коло во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марез секојдневно вежба пенали и тоа ми даде причина него да го изберам за изведувач. Следниот пат ќе постигне гол, ова ќе биде добро искуство за него. Габриел сакаше д шутира, му се извинувам, но тоа неше моја одлука.“ – изјави Гвардиола.
После осум одиграни кола во ПЛ, Сити, Челси и Ливерпул имаат по 20 бода. На четвртото и петото место се Арсенал и Тотенхем со по 18 освоени бода.