Дома Трансфер зона Пепе Реина го напушти Милан, но остана во Серија А

Пепе Реина го напушти Милан, но остана во Серија А

Шпанскиот голман Пепе Реина премина од Милан во Лацио, објави денес кубот од Рим. Реина вчера пристигна во престолнината на Италија.

Во Милан премина во 2018 година после три години во Наполи, а втората половина од сезоната ја помина на позајмица во Астон Вила.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Беше на голот на Ливерпул осум години и во првите три сезони ја освојуваше Златната ракавица како најдобар голман.

Лацио минатата сезона заврши на четвртата позиција иако во голем дел од сезоната се бореше со Јувентус за конкуренцијата. Следната сезона Лацио после 13 години ќе игра во Лигата на шампионите.

Претходно се шпекулираше дека Реина после 15 години повторно ќе брани во татковината во тимот на Валенсија, меѓутоа преговорите помеѓу двете страни пропаднаа поради финансиската криза во шпанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…