Дома Актуелно Пекол за големата надеж на шпанскиот фудбал – Поради грешка на докторите не игра ПЕТ месеци!

Пекол за големата надеж на шпанскиот фудбал – Поради грешка на докторите не игра ПЕТ месеци!

Низ вистински пекол во последните пет месеци поминува поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Станува збор за Педро Леон кој поради грешка на докторите не игра веќе пет месеци и сеуште не е познато кога ќе се врати на терените.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Се започна минатата сезона во натпреварот против Барселона. Леон доби блага повреда поради која се претпоставуваше дека ќе паузира околу два месеци. Меѓутоа, докторите го советуваа на операција. Тврдеа дека тоа е рутинска процедура и дека набрзо ќе се врати на терените.

Подоцна оваа дијагноза се покажа како погрешна. Коленото после операцијата многу страдеше и Леон веќе пет месеци не може да игра. Не е познато кога целосно ќе се опорави. Шпанските медиуми тврдат дека во февруари ќе мора повторно да заигра, но сеуште не е ништо сигурно.

Педро Леон важеше за голема надеж на шпанскиот фудбал. Кариерата ја започна во Мурсија, а во 2010 година за 10 милиони евра премина од Гетафе во Реал Мадрид.

Меѓутоа во Мадрид не се наигра, па брзо се врати во Гетафе, додека член на Еибар стана на почетокот на минатата сезона.

За овој тим на 37 натпревари постигна 10 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…