Денес стартуваат полуфиналните дуели на ЕУРО 2020, со првиот меч од оваа фаза, Италија – Шпанија. Ова полуфинале е далеку попривлечно од она второто, но и дуел кој може да го даде наредниот европски владетел. Свое видување за овој меч, мала анализа и предлог тип даде, Панче Ќумбев кој низ целиот шампионат има успешни прогнози.
Полека но сигурно дојдовме до крајот на овој Евро шампионат. Денешниот натпревар е полуфинале на две одлични селекции со голема традиција низ историјата. Се надевам дека ќе биде ова еден возбудлив и интересн натпревар. Победникот од овој дуел го гледам како следен европски шампион. Иако многу луѓе, фудбалски експерти и слично, ја форсираат Англија, мое скромно мислење е дека од овие две селекции треба да го бараме следниот европски шампион.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Двете селекции прикажаа константа форма низ целото Европско првенство. Сепак јас би им дал предност на Италијанците, затоа што ме воодушевија со својот пристап и со играта која ја покажуваат. Не е ова онаа стара Италија која игра на 1:0. Ова е Италија која игра тотал фудбал и игра за гол повеќе од противникот. Затоа предност им давам ним и типувам победа на “домаќинот”.