Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Стартува осминафиналето, Васоски и Ќумбев со прогнози за денешните натпревари

Стартува осминафиналето, Васоски и Ќумбев со прогнози за денешните натпревари

Стартува осминафиналната фаза на ЕУРО 2020, а ние продолжуваме со анализа и прогнози од страна на експертскиот тим на Кладење.мк, составен од поранешни фудбалски репрезентативци на Македонија. Денес, Васоски го прогнозира мечот меѓу Велс и Данска, а Ќумбев оној вечерниот дуел меѓу Италија – Австрија.

Александар Васоски прогнозира за натпреварот:

Велс – Данска ( време: 18:00 ч. )

Мислам дека Данска после шокот со Ериксен на првиот меч на ова Европско Првенство, се опорави. И не само тоа, туку ќе имаат мотив плус и ќе играат за Кристијан Ериксен. Се работи за многу квалитетна репрезентација и за тоа веќе пишував и во групната фаза. Мислам дека Велс ќе биде елиминиран во оваа осминафинална фаза. Но не очекувам премногу голови, ќе биде тесно.

Панче Ќумбев прогнозира за натпреварот:

Италија – Австрија ( време: 21:00 ч. )


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Апсолутен фаворит на овој натпревар е Италија. По сето прикажано во групната фаза, за мене се и еден од фаворитите да одат до самиот крај на ова првенство. Австрија е добра, цврста репрезентација но мислам дека овде завршува нивниот престој на ова Европско првенство. Прогнозирам победа на Италија со најмалку два гола во мрежата на австријците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Проблем за Саутгејт: Англија остана без еден голман за Европското првенство

Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Ан…