Дарко Панчев денес во утринската емисија на „Ја Сакам Македонија“ на „Сител“ телевизија зборуваше за некои актуелни теми кај нас и во светот.
Панчев помеѓу другото беше запрашан за големиот број споредби кои сега се прават со платите на фудбалерите и докторите. Во јавноста преовладува мислењето дека токму во вакви моменти се гледа кој треба да биде повеќе платен. Панчев сепак има малку поинакво мислење и порача дека фудбалот и здравството се работи кои не треба да се мешаат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прво, луѓето треба да знаат дека во светот играат 10 милиони професионални фудбалери и од нив само 10.000 зимаат поголеми плати. Треба ли да кажеме и дека покојниот Павароти неправедно заработувал повеќе од докторите? Фудбалот е планетарна работа. Фудбалерите не се виновни што докторите зимаат помали плати. Виновни се владите и државите“.
„Еве еден пример: Роналдо или Меси да одат во некој клуб ќе продадат пет милиони дресови, па клубот на тој начин ќе ги исплати парите вложени во нив. Еден доктор не може да продаде пет милиони мантили па болницата или неговиот газда да има заработка. Едноставно овие две работи не треба да се споредуваат, споредбите се глупави, а тоа дека докторите треба да зимаат поголеми плати од сегашните, треба“.
За натпреварот со Косово кој ја очекува Македонија.
„Преку Лигата на Нации УЕФА даде шанса на репрезентациите со послаб квалитет да играат на големо натпреварување. Прашање е колку ние, Косово и останатите во нашата лига сме спремни за едно Европско натпреваруваање. Нашата Д лига практично беше најслабиот квалитет во Европа и сега од тука една репрезентација оди на Европско првенство, добра шанса да се пласираме секако имаме. Ако го поминеме Косово не чека уште една пречка, а ако веќе се пласираме ќе треба добро да се спремиме за таму да не бидеме топовско месо на големите селекции“, зборуваше Панчев.
Целиот разговор на Панчев во „Ја Сакам Македонија“: