Пандемијата со коронавирусот го принуди поголемиот дел од времето да го минува и Дарко Панчев.
Панчев во интервју за официјалната страница на Црвена Звезда зборуваше за тоа како го минува времето во изолација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Морам да признаам дека малку се досадувам, малку гледам и телевизија. Во главно седиме со семејството и децата кои се понервозни од нас. Дисциплинирани сме и мораме да бидеме такви затоа што работатае сериозна и препораките мораат да се почитуваат. Оние кои повеќе знаат од нас за оваа борба велат дека најдобро е да се седи дома и ние треба да бидеме дисциплинирани за да победиме“.
Панчев смета дека овој карантин полесно ќе го поминат оние кои служеле војска и професионалните фудбалери.
„Ние за среќа сме подалеку од ситуација како во Шпанија, Италија, Германија или Америка, немаме толку многу заразени. Оние кои служеа војска се навикнати и полесно ќе го поминат карантинот, исто така и професионалните фудбалери се навикнати на ваков живот. Верувам дека поголем дел од нив биле во карантин повеќе денови низ кариерата“, изјави Панчев.