Дома Македонски спорт Панчев: Аутсајдери сме на ЕП, но да не бидеме вреќа за боксирање

Панчев: Аутсајдери сме на ЕП, но да не бидеме вреќа за боксирање

Фудбалската легенда на Македонија, Дарко Панчев имаше интервју за агенцијата „Анадолу“ во кое зборуваше за деби настапот на Македонија на Европското првенство.

Македонија на ЕП ќе дебитира на 13 јуни против Австрија, на 17. јуни ќе играме со Украина, а на 21. со Холандија во Амстердам. Првите два натпревари ги играме во Букурешт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Панчев посочува дека е нормално да бидеме гледани како аутсајдер, но додаде и дека не смееме да бидеме „вреќа за боксирање“.

„Нема да ја откријам Америка ако ви кажам дека сме аутсајдери. Тоа сите го знаат, но се надевам дека имаме квалитет да изненадиме. Важно е да оставиме еден добар впечаток и да не бидеме вреќа за боксирање. Пласманот на Македонија на ЕП на Европа ништо не и значи, најголем дел од тие селекции на секои две години играат некој голем турнир. Затоа мораме да победиме барем на еден натпревар во групата, само така можеме да ги импресионираме“; изјави Панчев.

Панчев верува дека и за УЕФА е важно Македонија добро да се претстави.

„Единствено во случај на добар резултат Европа ќе ни каже „браво момци, заслуживте да бидете тука“! Добриот пласман е добар за фудбалерите, за сојузот, но и за претседателот на УЕФА Александар Чеферин. Во спротивно некој може да му каже на Чеферин: Што правиш со оваа Лига на нации, зошто им дозволуваш на аусајдерите да играат на големи турнири?“. Сигурно дека може некој да му префрли такво нешто“, порачува македонската „кобра“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…