Дома Топ вести Паника на „Сан Сиро“: Еве кои услови ги постави Раиола за новиот договор на Донарума!

Паника на „Сан Сиро“: Еве кои услови ги постави Раиола за новиот договор на Донарума!

donaruma

„Чудото од голман“ Џанлуиџи Донарума иако има само 17 години брилјира во дресот на „росонерите“ и несомнено е еден од најталентираните млади фудбалери во светот.

Донарума стана и најмладиот дебитант во историјата на италијанската репрезентација, а главна тема на Апенините во моментов е неговата иднина.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Неговиот договор со Милан истекува во 2018 година, но проблем за „росонерите“ е што Џиџио не може да потпише професионален договор се додека не стане полнолетен (февруари 2017 год.), па многу европски гигнати сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Потпретседателот на Милан, Адриано Галиани призна дека разговарал со Мино Раиола за новиот договор, но менаџерот поставил неколку важни услови.

„Раиола сака најпрво да ги запознае новите сопственици и со нив да разговара за новиот договор на Донарума. Сака да знае какви се нивните планови и да добие гаранции за иднината на Милан. Сепак, јас мислам и верувам дека Донарума уште долги години ќе остане во Милан“, истакна Галиани.

„Газета дело Спорт“ пишува дека првата мисија на новите кинески сопственици ќе биде новиот договор на Донарума и дека се спремни да му понудат 3,5 милиони евра по сезона, со што Џиџио ќе биде најплатениот тинејџер во фудбалскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…