Дома Фудбал Италија Пандев ќе игра уште една сезона за Парма

Пандев ќе игра уште една сезона за Парма

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев не размислува за пензија и најверојатно ќе игра уште една сезона.

Ова за италијанските медиуми го потврди неговиот агент, кој истакна дека Пандев сака со Парма да се врати во Серија А.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Мое лично мислење е дека Пандев може многу да направи за тимот. Тој сака да продолжи да игра, многу е мотивиран, би било убаво да биде во целиот проект. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А“ рече менаџерот Леонардо Корси.

Пандев има 38 години и исклучителна кариера, па се веруваше дека ќе се пензионира ова лето, но очигледно дека му се допаѓа проектот во Парма и верува дека може да одигра уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед спрема понуда за Влаховиќ

Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесува Ф…