Дома Фудбал Италија Пандев со асистенцијата ги воодушеви Италијанците: Џентлмен кој држи лекции на 36 години! (ВИДЕО)

Пандев со асистенцијата ги воодушеви Италијанците: Џентлмен кој држи лекции на 36 години! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска икона Горан Пандев одново го привлече вниманието на италијанската спортска јавност како многу пати досега.

Џенова и Пандев вчера одиграа реми 1:1 во рамките од италијанската Серија А, а токму Пандев беше еден од најзаслужните што Џенова одигра нерешено против неговиот поранешен клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пандев во игра влезе на триесетина минути до крајот на натпреварот, а тогаш доби аплауз и од навивачите на Наполи кои не забораваат што направи за нив додека го носеше синиот дрес.

Во вчерашниот натпревар Пандев се истакна со една фантастична асистенција кога во шеснасетникот го пронајде Дарко Лазовиќ кој погоди за изедначување.

Колку многу значи Пандев за навивачите на Џенова и овој клуб доволно зборува Фејсбук статусот на еден од профилите на навивачите на Џенова.

„Џентлмен кој на 36 години им држи лекции на децава. Тој е срцето и силата на тимот, секогаш има голема желба и претставува симбол на сите играчи на теренот“, стои во описот покрај фотографијата.

Пандев дресот на Наполи го носеше три сезони во период од 2011 до 2014 година, а во својата кариера која во главно ја помина во Италија настапуваше уште за Беласица, Интер, Спезија, Анкона, Галатасарај и Џенова.

Најголемиот успех за Пандев е освојувањето на тројната круна (Лига на шампиони, Куп и Серија А) со тимот на Интер кога соработуваше со Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…