Дома Фудбал Италија Пандев лут: Над мене беше направен чист пенал, судијата и ВАР погрешија! (ВИДЕО)

Пандев лут: Над мене беше направен чист пенал, судијата и ВАР погрешија! (ВИДЕО)

Тимот на Рома вчера славеше против Џенова со резултат 3:2.

Македонскиот капитен Горан Пандев во редовите на Џенова ги одигра последните 25 минути од натпреварот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Пандев влезе во прилика во последните минути од натпреварот, но во таа ситуација тој беше турнат од Флоренци. Главниот судија не се огласи и ВАР не реагираше, што ги налути сите во клубот.

„Тоа беше чист пенал. Барав да биде прегледан ВАР. Судијата и ВАР погрешија,, не заслуживме да изгубиме, одигравме добар натпревар. Кога постигнавме два гола во првото полувреме сметав дека сме многу блиску до успех, можевме да постигнеме и трет. Сепак, таков е фудбалот има уште да се игра и пред нас се многу бодови“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

МВР се огласи: Приведен е редарот кој шутна фудбалер на Брегалница!

На вчерашниот дуел меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница се случи сериозен инцидент, при шт…